Напаѓачот во американската воена база бил психички растроен

Американската армија соопшти дека има „голема веројатност“ напаѓачот кој во средата уби тројца, а рани 16 луѓе во воената база Форд Худ во Тексас, претходно да бил вклучен во расправија. Напаѓачот, 34-годишниот Иван Лопез се самоубил по престрелката. Според армијата, „има многу силни докази“ дека напаѓачот, кој имал потекло од Порто Рико, бил во нестабилна психичка состојба. Лопез служел четири месеци во Ирак и веројатно имал посттрауматско стресно нарушување. Во истата воена база во Тексас имаше престрелка и во 2009 година кога беа убиени 13 војници, а 32 беа ранети.