Лавров бара истрага за снајперистите во Киев


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави дека постогат голем број докази кои се спротивни на тврдењето на украинските власти дека снајперисти, лојални на соборениот претседател Виктор Јанукович, пукале врз демонстрантите во Киев, во февруари. Лавров, во Москва изјави дека вистината за снајперистите треба да биде утврдена на транспарентен начин. Русија претходно тврдеше дека украински ултра-националисти се одговорни за престрелката, обидувајки се да создадат состојба на хаос. Украинските власти, пак денеска сооопштија дека убивањето демонстранти било под директна наредба на Јанукович, а оти биле вмешани и руски безбедносни агенти.