Кери: клучен момент за блискоисточниот мировен процес

Американскиот дражвен секретар Џон Кери денеска во Алжир изјави дека израелско палестинските мировни преговори биле во клучна фаза и ги повика лидерите на двете страни да спречат пропаѓање на процесот. Кери кој во изминативе 10 дена два пати престојуваше на Блискиот Исток предупреди дека постојат граници до кои американската администрација може да оди во приближувањето на ставовите на израелците и палестинците.