Молдавците без визи во Шенген зоната

Европскиот парламент ја прифати одлуката да им се дозволи на молдавците кои имаат биометриски пасоши без визи да патуваат во земјите од Шенген зоната, почнувајќи од 28 овој месец. Одлуката денеска беше потпишана од претседателот на европарламентот Мартин Шулц кој изјави дека станува збор за големо постигнување во намерите на Молдавија и на Европската унија за зацврстување на нивните односи. Молдавија кон крајот на годинава треба да потпише договор за стабилизација и асоцијација со Унијата.