Амнести интернешенел за грчката полиција и Златна зора

Прекумерна употреба на сила, насилства и поврзаност со крајнодесничарската партија Златна зора се главните карактеристики, дадени за грчката полиција во извештајот на организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешенел“. До декември минатата година, околу 50 лица, вклучувајќи го и лидерот на Златна зора, двајца полицајци и петмина пратеници биле уапсени и се обвинети во различни криминални дејности, од убиства до експлозии и изнуди. Било констатирано дека десет полицајци имале директни или индиректни врски со криминални дејности, кои биле припишувани на членови на Златна зора. Во последните три години е утврден драматичен раст на нападите, испровоцирани од омразата врз бегалците и имигрантите.