Потрагата по малезискиот авион нема да биде прекината

Премиерот на Малезија Наџиб Разак денеска изјави дека неговата земја нема да ја запре истрагата се додека не биде решена мистеријата со авионот на Малезија Ерлајнс кој исчезна на 8 март, а во кој имаше над 239 патници и членови на екипажот. Тој ова го изјави во австралискиот град Перт каде што е центарот на операциите за потрагата по евентуалните остатоци на авионот во Индискиот океан. Австралискиот премиер Тони Абот оцени дека оваа операцијата била една од најтешките во историјата.