Во Либан над милион бегалци од Сирија

Високиот комесаријат за бегалци денеска соопшти дека во Либан имало над милион бегалци од Сирија. „Бројот на сириските бегалци сега изнесува една четвртина од населението на Либан. Тоа е катастрофален рекорд, бидејќи Либан максимално ги троши своите ресурси“, се наведува во сооштението на Комесаријатот, во кое се оценува дека либанците покажуваат исклучителна великодушност. „Тоа е најголем број бегалци во една земја во поновата историја. Не можеме да ги оставиме сами да го носат товарот“, изјави високиот комесар Антонио Гутереш. Во тригодишната војна во Сирија загинаа над 150 илјади луѓе.