Самарас: почнуваме да се издигнуваме

Андонис Самарас

Грција го остави зад себе најлошото, изјави грчкиот премиер Андонис Самарас во интервју за агенцијата Ројтерс и додаде дека неговата Влада ја разгледува можноста во следните три месеци да емитува државни обврзници. „Бевме една нестабилна земја во еден стабилен регион, сега ситуацијата е сосема различна. Грција се стабилизираше политички и економски, а нестабилоста околу неа се зголемува“, изјави Самарас кој најави и враќање на Грција на пазарите.