НАСА ги прекинува врските со Русија

НАСА соопшти дека, поради кризата во Украина, ги прекинува врските со Русија, освен оние за Меѓународната вселенска станица. Во соопштението до вработените на НАСА се прецизира дека тие не можат да патуваат во Русија или да бидат домаќини на руски колеги се додека одлуката за прекин на врските не биде сменета. Исто така на вработените им се забранува комуникација преку имејл или одржување видеоконференции со руски колеги. Стејт департментот вчера соопшти дека прекинал неколку билатерални проекти со Русија и оти парите за нив ќе бидат пренасочени за иницијативи во Украина.