Четворица загинати во воена база во Тексас

Во пукање што се случило во воената база во Тексас три лица се убиени од еден војник кој по нападот се самоубил. Официјални претставници вчера изјавија дека 16 лица биле повредени во пукањето но дека нема индиции за тероризам. Напаѓачот бил војник кој служел во Ирак, и му бил дијагностициран пост-трауматски стрес. Американскиот претседател Барак Обама изрази жалење и најави истрага за инцидентот.
Воената база во Тексас беше местото каде во 2009 година имаше слично пукање во кое загинаа 13 војници, а уште 32 беа повредени. Мајорот Нидал Хасан беше осуден на смрт минатата година поради инцидентот. Тој рече дека отворил оган за заштита на талибанските бунтовници од американските сили кои требало да бидат распоредени во Авганистан.