Уште еден земјотрес го погоди Чиле

Силен земјотрес со магнитуда од 7,8 степени го погоди северниот дел на Чиле, еден ден откако шест лица загинаа во земјотресот со магнитуда од 8,2 степени во истата област. Синоќа во Чиле и Перу повторно е издадено предупредување за опасност од цунами и е побарано илјадници луѓе да ги напуштат крајбрежните области. Претседателката на Чиле Мишел Бачелет беше евакуирана од нејзиниот хотел во северниот град Арика, каде што таа присуствувше на оценка на штетите. Последниот земјотрес беше најсилниот од серијата потреси по земјотресот во вторникот, кој уништи 2.600 куќи и доведе до масовна евакуација. Бачелет прогласи вонредна состојба во северните делови на земјата.