Турција: забраната на твитер ја нарушува слободата на изразување

Уставниот суд на Турција денеска пресуди дека владината забрана на Твитер ја нарушува слободата на изразување, како и индивидуалните права. Судот бара од владата да го врати пристапот на твитер што беше направено неколку дена пред локалните избори во Турција. Влада исто така го блокира и пристапот на Јутјуб откако се појавија снимки за вмешаност на премиерот Реџеп Таип Ердоган во корупциски скандал.