Меркел на 11 април во Грција

Германскиот канцелар Ангела Меркел на 11 април ќе ја посети Атина, изјави денеска еден од портпаролите на германската влада, потврдувајќи ги информациите во медиумите дека таа сака да го поддржи грчкиот премиер Андонис Самарас пред европските избори на 25 мај. Портпаролот Георг Штрајтер додаде дека деталите од посетата ќе бидат познати в петок. Последната посета на Меркел на Грција беше во октомври 2012 година и тогаш таа во Атина беше пречекана со протести.