Телефонски разговор Кери - Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска по телефон разговарал со американскиот државен секретар Џон Кери, е соопштено во Москва. Притоа, Лавров искажал загриженост од олуката на НАТО да ја прекине соработката со Русија. Двајцата министри разговарале и за можностите за меѓународна соработка во врска со кризата во Украина.