Русија има доволно сили на границата за нов упад во Украина

НАТО командантот за Европа, американскиот генерал Филип Бридлав, изјави дека Русија ги има потребните сили на границата со Украина доколку се реши за упад на нејзина територија. Според него, Русија може да ја постигне целта за 3 до 5 дена. Во интервју за Ројтерс и Вол Стрит Џрнал, Бридлав оценува дека ситуацијата на границата е исклучително загрижувачка, додавајки дека од министрите за надворешни работи на НАТО добил задача, до 15-ти април, да подготви план за заштита на НАТО сојузниците во источна Европа, вклучувајки и копнени, воздушни и поморски засилувања.