Кери: Енергијата да не се користи како политичко оружје

Брисел, 02.04.2014

Американскиот државен секретар Џон Кери ја критикуваше Русија поради зголемувањето на цената на гасот за Украина, нагласувајки дека енергијата не треба да се користи како политичко оружје. На состанокот во Брисел со шефицата за надворешна политика Кетрин Ештон и со евро-комесарот за енергија, Гинтер Отингер, Кери изјави дека се превземаат мерки за снабдување на Украина со гас од Полска и Унгарија, како и да се направи уште нова рута, низ Словачка. Кери оцени дека енергетските проблеми во Европа ја нагласуваат потребата од поголема транс-атланска соработка.