Состанок Баросо - Бан Ки Мун во Брисел за Украина

Целосно го подржуваме територијалниот интегритет и суверентитет на Украина и ги повикуваме сите страни да ги намалат тензиите и да ја решат кризата со дипломатски средства. Ова денеска во Брисел го изјави генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, по состанокот со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. Баросо изрази надеж дека би можеле многу бргу да почнат директните преговори меѓу Москва и Киев.