Кримските Татари бараат распоредување на мировни сили на ОН на Крим

Лидерот на Кримските Татари го повика Советот за безбедност на ОН да испрати мировни сили на Крим. Мустафа Џемилев, истакнат поранешен советски дисидент, за Гласот на Америка рече дека санкциите воведени против Русија од страна на САД и ЕУ не се доволни за да се принуди Русија да го напушти Крим. Според Џемилев, недоволниот притисок врз Москва во текот на анексија на Крим може да доведе до крвопролевање на полуостровот . Џемилев повтори дека кримските Татари ја гледаат својата иднина единствено со Украина .