Над 150 000 до сега загинале во сирискиот конфликт

Невладина организација со седиште во Велика Британија соопшти дека повеќе од 150.000 луѓе се убиени во Сирија од конфликтот започнат во март 2011 година. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека речиси 8.000 од нив се деца. Сириската опсерваторија рече дека повеќе од 58.000 членови на владините сили и речиси 38.000 на опозицијата биле убиени. Сириската опсерваторија исто така објави дека 364 членa на шиитско движење Хезболах во Либан се убиени во сирискиот конфликт. Конфликтот во Сирија започна во март 2011 година со мирни демонстрации. Откаkо од страна на режимot беа убиени неколку демонстранти, дел од опозицијата се крена со оружје и конфликтот прерасна во граѓанска војна.