НАТО целосно ја прекинува соработката со Русија

Брисел 01.04.2014, Министерски состанок на НАТО

НАТО денеска соопшти дека ќе ја суспендира целокупната цивилна и воена соработка со Русија поради окупацијата и анексијата на украинскиот регион Крим. Во одлуката на министрите за надворешни работи на НАТО од денешниот состанок во Брисел, се повикува Русија да превземе итни чекори за враќање на состојбата во согласност со меѓународното право. Сепак, министрите наведуваат дека ќе продолжи политичкиот дијалог во рамките на Советот НАТО - Русија.
НАТО и Украина, по состанокот на министрите на двете страни во Брисел, соопштија дека ќе ја интензивираат соработката и ќе ги промовираат реформите на одбраната на Украина низ обуки, вежби и други програми.