Грција месецов ќе добие 6,3 милијарди евра кредит од ЕУ

Грција до крајот на овој месец ќе добие 6,3 милијарди евра кредит од Европската Унија. Министрите за финансии на земјите членки на евро-зоната, на денешниот состанок во Атина исто така најавија дека Грција ќе добие уште две транши од по милијарда евра во јуни и во јули, но оти тоа е поврзано со грчкиот прогрес на реформите. Грција и натаму е во финансиска криза и е зависна од спасувачките финансиски пакети од ЕУ и од Меѓународниот монетарен фонд. Грција досега доби околу 200 милијарди евра финансиска помош.