Полско-американскиот конгрес бара прием на Македонија во НАТО

Полско-американскиот конгрес испрати писмо до претседателот Обама во кое го повика безусловно да даде поддршка за полноправно членство на Македонија во НАТО на Самитот во Британија.

Во писмото до претседателот Обама, како што информира Обединетата македонска дијаспора, ПАК, кој е глас на повеќе од 12 милиони Американци со полско потекло, јасно ја искажува нивната загриженост дека проширувањето мора да стане приоритет на овогодинашниот Самит.

Полско - американскиот Конгрес силно верува дека НАТО проширувањето во Централна и Источна Европа ќе ја зајакне безбедноста во регионот, а во однос на моменталната криза во Украина и Крим, посебно со навлегувањето на Русија во регионот, чувствуваме дека е потребно НАТО да ги отвори своите врати оваа година на нашите сојузници како што е Македонија, се вели во писмото од претседателот на ПАК, Френк Џ. Спула до Обама.