Хаг-завршува расправа по тужбите за геноцид меѓу Србија и Хрватска

Пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг денеска завршува едномесечната усмена расправа во спорот меѓу Белград и Загреб, по взаемните тужби за геноцид на територијата на Хрватска во периодот од 1991 до 1995 година.

Завршниот збор на судењето, односно можност да одговори на обвинувањата на Србија, на денешното рочиште го има хрватскиот правен тим, по што судот ќе ја заклучи расправата во овој спор кој трае веќе 15 години.

Конечната пресуда, за која не постои право на жалба, според очекувањата на експертите, би можела да биде јавно објавена до крајот на оваа или почетокот на 2015 година, а ќе биде задолжителна за двете држави.