На северот на Косово, повредени тројца полицајци

Косово - архива

Тројца припадници на Косовската полиција се повредени синоќа во пукотница во општина Зубин Поток во северниот дел на Косово.

Еден од повредените е пренесен во болница во Косовска Митровица, а останатите двајца побарале лекарска помош во Зубин Поток.

Косовските медиуми јавија дека во пукотницата кај Зубин Поток се повредени полицајци од српска националност, припадници на пограничната полиција.