Оставка на француската влада

Мануел Валс е назначен за нов премиер на Франција

Француската влада поднесе оставка, еден ден откако Социјалистичката партија на претседателот Франсоа Оланд претрпе значителен пораз на локалните избори. Премиерот Жан-Марк Еро вчера ја објави својата и оставката на неговата влада. Набргу потоа, Оланд го назначи министерот за внатрешни работи Мануел Валс за нов премиер.
Според извештаите, Валс важи за центрист кој стекна популарност кај многу Французи со неговиот цврст став околу прашањата за правото и јавниот ред. Реконструкцијата на владата беше очекувана по слабиот резултат на социјалистите на неделните избори.
Анкетарите сметаат дека разочараноста поради справувањето на владата со економијата, натера многу гласачи да ги поддржат кандидатите на конзервативците и на анти-имигрантската крајна десница.