Ештон: привршуваат разговорите за правосудството на Косово

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон синоќа, по завршувањето на 23-та рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, изрази задоволство што двете страни речиси ги завршиле разговорите за правосудство и нагласи дека договорот ќе биде финализиран на следниот состанок. Ештон напомена дека двете страни разговарале и за следните чекори во рамки на дијалогот и се договориле наскоро повторно да се сретнат.
Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ изјави дека во продолжение на дијалогот со Приштина, во тешки услови, за Србија и српскиот народ е постигнат најдобриот можен резултат кога станува збор за прашањето за правосудството на Косово. Претседателот на судот во Митровица ќе биде Србин, а и значаен број судии и обвинители ќе бидат наши сонародници, изјави Вучиќ за РТС.
Тој очекува новата Влада на Србија да се формира до 27 април, а веднаш потоа тој во Белград ја очекува високата претставничка на ЕУ Кетрин Ештон.