Предлог за меѓународна конференција за Украина

Германија, Франција и Полска повикаа на одржување меѓународна конференција за Украина. Министрите за надворешни работи на овие земји изјавија дека таков состанок треба да биде закажан по претседателските избори во Украина во мај, додавајќи оти на него треба да учествува и Русија. Во изјавата по вчерашниот состанок во Германија, тројцата министри истакнаа дека таква конференција би испратила силен знак за поддршка и ќе понуди расправа за неопходните реформи во Украина.
Министрите исто така предложија разговори ЕУ-Русија со Украина, Молдавија и Грузија околу последиците од спогодбите за ЕУ-асоцијација со источноевропските партнери.