Москва подготвува руски платежни карти

Русија работи на воведување своја платежна и кредитна картичка откако Виса и Мастеркард донесоа извесни ограничувања за некои руски банки како резултат на санкциите од Соединетите држави и Европската унија. Новиот национален систем на плаќање би требало да биде воведен за шест месеци откако парламентот ќе ги изгласа сите потребни законски промени. Се додава дека сите руски банки ќе бидат повикани да станат партнери на новата компанија за плаќање.