Думата за прекин на договорите за Црноморската флота

Долниот дом на рускиот парламент Думата го одобри во првото читање законот за укинување на договорите со Украина за базата на руската Црноморска флота на Крим. Пред 4 години двете земји се согласија на продолжување на договорите за базата во Севастопол до 2042 година. Годишната рента беше околу 98 милиони долари што Москва и ги дава на Киев преку намалената цена на гас. Кремљ соопшти дека со оглед на тоа што Крим веќе не е дел на Украина, тогаш нема законска основа за почитување на договорите за базата.