Јапонија мора да го запре ловењето китови

Меѓунраодниот суд на правдата во Хаг и нареди на Јапонија да го запре ловењето китови во Антарктикот, оценувајки дека станува збор за комерцијални активности, а не за научни, како што прикажува Токио. На Јапонија и е наредено да ги повлече сите дозволи што ги има издадено за ловење китови за научни истражувања и да запре со издавање нови. Од 1986-та година е забрането ловењето кирови за комерцијални цели, но Јапонија и други земји ја заобиколуваат оваа забрана, под изговор дека ловат од научни причини.