ЕУ и Црна Гора отвараат две преговарачки поглавија

На денешната меѓувладина конференција во Брисел, Европската унија и Црна Гора почнуваат преговори за поглавијата седум и десет кои се однесуваат на правото на интелектуална сопственост и информациското општество и медиумите. Во претпристапните преговори на Црна Гора досега се отворени седум поглавија, а привремено затворени поглавијата 25 и 26 кои се оденсуваат на науката и истражувањата, како и на образованието и културата.