Американскиот државен секретар Џон Кери четири часа разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за кризата во Украина. Кери изјави дека се согласиле со Лавров оти дипломатијата е најдобриот начин да се смири ситуацијата во Украина. Според него, нема да бидат донесени никакви одлуки за земјата без согласност од Украинците.
Кери порача и дека му ставил јасно на занаење на Лавров дека за САД мерките кои ги презема Русија во Крим се незаконски и нелегитимни. Тој го покренал прашањето и за присуството на руската војска на украинската граница, кое според него создава клима на страв.