Јужна Кореја со закана за вежбите на северниот сосед

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг ил и воени претставници

Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја планира да изврши воени вежби во близина на спорната западна морска граница. Тие порачаа дека силно ќе одговорат доколку бидат испровоцирани од нивниот северен сосед.
Предупредувањето доаѓа по зголемените тензии околу Северна Кореја по осудата од страна на Советот за безбедност на ОН за одлуката на Пјонгјанг да лансира ракети со краток дострел.