Карзаи обвини дека странски служби стојат зад нападите во Кабул

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги обвини "странските агенции" дека стојат зад серијата неодамнешни напади во Кабул и блокирање на неговата влада во реализацијата на мировниот договор со талибанците. Канцеларија на Карзаи пренесе дека претседателот го упатил обвинението во телефонски повик во саботата со американскиот државен секретар Џон Кери. Карзаи изјави дека нападите се комплексни по својата природа и се менаџирани од "странски разузнавачки агенции", фраза што тој често ја користи кога се однесува на пакистанските интер-разузнавачки служби. Забелешките на Карзаи дојдоа по трите напади во Кабул во пет дена, вклучувајќи напад во вторникот на изборната комисија на земјата пред општите избори следната недела. Талибанците ветија кампања на насилство за да ги прекинат изборите на 5 април на кои треба да се да избере следниот претседател на земјата.