На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список за парламентарните избори


На полноќ завршува јавниот увид во Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори и за пријавување за гласање на македонските државјани што работат и престојуваат во странство.
Електронски, преку веб-страната на ДИК, увид во Избирачкиот список до петокот направиле 27.000 граѓани.
Најдоцна на 4 април ДИК избирачкиот список го доставува до политичките партии, кои имаат рок од пет дена до Комисијата да достават барања за запишување, дополнување и бришење на податоци. ДИК треба да го потпише заклучениот Избирачкиот список најдоцна до 17 април.
Кампањата за предвремените парламентарни избори започнува на 5 април, а поради првиот круг од претседателските избори ќе биде прекината на 12 и на 13 април. Ова се трети предвремени парламентарни избори во Македонија и ќе се одржат на 27 април, на вториот круг од изборите за шеф на државата