Пакистан: убиена тинејџерка во експлозија на бомба

Тинејџерка е убиена а 15 други лица се повредени во експлозија на бомба во југозападниот пакистански град Куета. Полицијата соопшти дека бомбата била подметната на патот Сариаб. Бомбардирањето очигледно било насочено кон возила на паравоениот пограничен корпус. Меѓу повредените се и тројца војници на граничниот корпус. Ниту една група досега не ја презеде одговорноста за нападот. Куета е главен град на провинцијата Балучистан која се дека граничи со Иран и Авганистан. Во провинцијата владее постојано насилство од секташки екстремисит, исламистички милитанти, и криминални групи кои оперираат во сиромашната провинција. Во источниот град Лахоре, вооружени лица отворија оган синоќа на автомобил во кој беше новинар кој често ги критикува Талибанците, убивајќи го возачот.