Кандидатите за претседател ја продолжуваат кампањата

Кандидатите за претседател на Република Македонија и партиите што ги поддржуваат, денеска ја продолжуваат предизборната кампања со митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места.
Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Ѓорге Иванов , ќе одржи митинзи во Кратово, Пробиштип и Кочани, како и средби со граѓани во Ранковце и Крива Паланка.
СДСМ со кандидатот Стево Пендаровски, најавува митинг во Велес и средби со граѓани во Лозово, Свети Николе и Чашка.
Коалицијата ГРОМ со својот кандидат за претседател Зоран Поповски, ќе одржи средби со граѓани во Скопје и во Кривогаштани и митинг во Пробиштип.
ДУИ ќе има средби со граѓани во Куманово и во Липково.