Полицијата ги елиминира напаѓачите во западен Кабул

Полицијата соопшти дека е елиминиран и последниот милитант во западниот дел на Кабул.

Во инцидентот загинале едно дете, двајца чувари, како и 5 милитанти. Имено, според полицијата, бомбаш самоубиец активирал експлозив пред зграда на невладини организации во западен Кабул.

Шефот на полицијата во Кабул Мохамед Захир за Радио Слободен Авганистан изјави дека дека 5 вооружени лица влегле во зградата по експлозијата. Четворица од нив се разнесле со експлозив во зградата а еден е заробен.

Одговорноста за нападот ја превзедоа талибанците, затоа што, според нив, зградата се користела како црква за конвертирање на Авганистанци во христијанство.