ОН - загриоженост поради блокадата на Јутјуб и Твитер во Турција

Група независни експерти на Обединетите Нации изрази загриженост поради блокирањето на Твитер и Јутјуб.

Турската Влада вчера одлучи да биде блокиран пристапот до ЈуТјуб по објавувањето нови снимки од високи владини претставници.

Блокирањето на Јутјуб се случува една недела откако таква мерка беше воведена за социјалната мрежа Твитер.

Турскиот министер за надворешни работи Ахмед Давутоглу изјави дека тоа се прави поради национална безбедност.