Продолжуваат борбите во Кабул

Кабул

Во западниот дел на Кабул продолжуваат борбите меѓу авганистанските безбедносни сили и вооружените милитанти.

Според полицијата, бомбаш самоубиец активирал експлозив пред зграда на невладини организации во западен Кабул.

Шефот на полицијата во Кабул Мохамед Захир за Радио Слободен Авганистан изјави дека дека вооружени лица влегле во зградата по експлозијата.

Одговорноста за нападот ја превзедоа талибанците, затоа што, според нив, зградата се користела како црква за конвертирање на Авганистанци во христијанство.