ХРВ ја критикува Русија за ограничување на слободата на изразување

Хјуман Рајтс Воч го повика рускиот парламент да не го усвојува законот со кој е предложено да се казнува ширењето неточни информации со кои се омаловажуваат Руското царство, Советскиот Сојуз и Руската федерација, како и руските вооружени сили. Хјуман Рајтс Воч оценува дека таквиот закон е уште еден чекор кон во насока на ограничувањето на слободата на изразување во Русија. Предлагачот на законот, пратеникот Олег Микаев, изјави дека актуелните настани околу Украина покажувале дека има информативна војна и оти е неопходно младите да бидат заштитетни од, како што смета, формирањето негативно мислење за татковината.