Нов инцидент на азербејџанско - ерменската граница

Азербејџан повторно ја обвини Ерменија за нарушување на примирјето во пограничниот регион, соопштувајки дека еден војник и еден цивил биле ранети. Според азербејџанското Министертво за одбрана, ерменските сили пукале кон едно село во провинцијата Товуз во близина на меѓусебната граница. До инцидентот доаѓа само неколку дена откако претседателот на Азербејџан Илхам Алиев и неговиот ерменски колега Серж Саркасјан, на средбата во Хаг ветија продолжување на примирјето. Двете земји со години се во конфликт во врска со Нагорно Карабах, кој е претежно населен со ерменци, а се отцепи од Азербејџан.