Oсуда за лансирањето балистички проектили од Северна Кореја

Членовите на Советот за безбедност на ОН ги осудија последните лансирања на балистички проектили од страна на Северна Кореја. Според Советот, тоа е повреда на резолуциите на ОН и тие ќе ги продолжат разговорите за „соодветен одговор“ на овие постапки.

Состанокот за Северна Кореја е на барање на САД. Осудата не е формална изјава од страна на 15-члениот Совет, но за забелешките во изјавата се сложиле сите учеснички. Северна Кореја пробно истрела два балистички проектили со среден домет во средата. САД ги осудија тестовите како „вознемирувачки и провокативни“.