Дуња Мијатовиќ бара враќање на пристапот до Јутјуб во Турција

Одлуката на турските власти да го блокираат „Јутјуб“ е намерно занемарување на основните човекови права за слободно изразување и слобода на медиумите, оцени претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ. Во соопштението објавено на страницата на ОБСЕ, Мијатовиќ нагласува дека цензурата е неприфатлива за демократска држава и дека со неа се кршат повеќе меѓународни стандарди и стандардите на ОБСЕ, на кои Турција се обврзала.

„Ги повикувам властите да ја гарантираат можноста за слободно ширење на информациите и да дозволат пристап до Јутјуб. Апелирам и до Дирекцијата за телекомуникации на Турција да се врати работата на Твитер, согласно со неодамнешната судска одлука“, се наведува во соопштението на Мијатовиќ.