Сојуз пристигна на Меѓународната вселенска станица

Руската вселенска капсула Сојуз која превезува двајца руски и еден американски космонаут пристигна на Меѓународната вселенска станица. Во капсулата се наоѓаат Русите Александар Скортсов и Олег Артемаев и Американецот Стив Свонсон. Сојуз требаше да полета од Казахстан во средата, но поради проблеми со моторот операцијата беше одложена за два дена.