Грчки визи на косовските пасоши

Шефот на грчката канцеларија за врски во Приштина Димитрис Москопулос денеска му врачил на шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај грчка виза. Тоа, како што јавуваат агенциите, било симболичен чин на почнувањето на издавањето визи на пасошите што ги издава Косово. Визите, според Москопулос, ќе важат за сите земји од Шенген зоната, со исклучок на Шпанија. Поздравувајќи го овој потег, министерот Хоџај изјави дека и покрај тоа што Грција се уште го нема признато Косово, меѓу двете земји постои многу добра институционална соработка.