Штрајк во Германија - хаос во летовите низ Европа

Штрајкот на илјадници аеродромски работници во Германија е причина за откажување на стотици летови во Европа. Станува збор за седум големи германските аеродроми.

\Само во Франкфурт беа откажани 550 полетувања и слетувања. Најголемата авиокомпанија во Германија, Луфтханза, соопшти дека денеска откажала околу една третина од речиси 2.000 планирани летови.

Ова е предупредувачки штрајк во пресрет на преговорите меѓу владата и синдикатот следната недела. Синдикатот бара месечно зголемување на платите за сите нејзини работници за 100 евра.