Ал Сиси ќе се кандидира за претседател на Египет

Египетскиот фелдмаршал Абдел Фатах ал-Сиси најави оставка од функцијата министер за одбрана и прв човек на армијата, додавајќи дека ќе се кандидира за претседател. Во вчерашното телевизиско обраќање, 59-годишниот Сиси истакна дека не може да направи чуда, повикувајќи ги Египќаните да работат повеќе за да ја унапредат својата држава. Сиси, кој во минатата година го отстрани исламистичкиот претседател Мохамед Морси, очекува да победи лесно на претседателските избори, со оглед на неговата популарност и недостигот на сериозни противници. Во своето обраќање Сиси нагласи дека Египет е под закана од терористи и оти тој ќе работи да ја ослободи земјата од страв.
Како реакција на ова, Муслиманското братство на Морси соопшти дека нема да има стабилност и безбедност во Египет додека на власт е Сиси.