Обама во посета на Ватикан и Италија

Од последната посета на Рим во 2009 година

Американскиот претседател Барак Обама денеска ја почнува посетата на Италија, а во Ватикан ќе се сретне со папата Франциско, со кого во разговорот ќе се фокусираат врз намалувањето на јазот меѓу богатите и сиромашните.
Летот на Обама за Рим доаѓа по тридневните разговори со европските лидери во Хаг и во Брисел за кризата во украинскиот регион Крим.
Ова е втора посета на Обама на Ватикан како претседател, по неговата средба со папата Бенедикт 16 во 2009 година.
Американскиот претседател во Рим ќе се сретне и со новиот италијански премиер Матео Ренци и со претседателот Џорџо Наполитано, а утре ќе отпатува за Саудиска Арабија, неговата последна станица од оваа турнеја.