Кери во мисија за спас на блискоисточниот мировен процес

Американскиот Државен секретар Џон Кери се сретна со палестинскиот лидер Махмуд Абас во обидите да се спаси блокираниот блискоисточен мировен процес. Кери, кој допатува во Јордан од прекинатата посета на Рим, разговараше повеќе од 4 часа со Абас во Аман. Американски официјални лица соопштија дека разговорите биле конструктивни, а никакви други детали не се објавени.
Кери планира за наредните денови нови разговори со Абас, како и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Според договорот од јули за заживување на мировните преговори, Палестинците и Израелците имаат краен рок до 30 април да постигнат договор. Кери се обидува да ги убеди двете страни за продолжување на крајниот рок.
Меѓутоа, Палестинците велат дека нема да ги продолжат разговорите ако Израел не осолободи група палестински затвореници до 29 март, како што претходно било договорено.